Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!


Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи шест фудбалери кои беа во игра при 6:0 поразот од Наполи во неделата.

Грифоне веќе потврдија дека Матија Перин беше позитивен во саботата, додека во неделата уште Ласе Шоне покажал позитивен тест. Потоа, тимот патувал во Неапол, каде што играа на „Сан Паоло“, а сега 24 часа по мечот, Џенова објави дека има 14 позитивни тестови во тимот.

Според „Скај спорт Италија“, дури 11 од овие позитивни тестови се на фудбалерите. Тие шпекулираат дека дел од фудбалерите при враќањето во Џенова имал симптоми по што се наредени нови тестови. Поради ова, мечот против Торино овој викенд најверојатно ќе биде одложен, а фудбалерите на Наполи ќе мораат во изолација и на постојано тестирање.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*