Шпанскиот Енсетандо, во петокот објави дека на состанокот на 13 клубови, акционери на Евролигата, на кој ќе се гласа и за можноста Дубаи да влезе во Евролигата ќе биде одржан во понеделник. Исто така, овој извор, тврди дека тренер на екипата од Дубаи ќе биде Светислав Пешиќ, кој паралелно би ја водел и репрезентацијата на Србија.
Есетандо пишува дека Евролигата би можела да потпише седумгодишен договор за време на кој Дубаи би инвестирал значителна сума. Првично се шпекулираше дека Дубаи ќе добие петгодишна лиценца.
Договорот би вклучувал и зголемување на фондот за натпреварување, како и придонес од нови спонзори.
Она што е исто така важно е дека франшизата од Дубаи не би почнала веднаш да се натпреварува во Евролигата, туку во првата сезона би играла во Еврокупот, со цел да расте и да се засили пред да се приклучи во елитната група во следните шест сезони.
Како што е познато, од клубовите акционери, само Олимпијакос и Макаби се против влезот на Дубаи, два клуба биле воздржани, а девет би го поддржале предлогот.
Познато е дека во март и АБА лигата ќе гласа дали ќе дозволи влез на тимот од Дубаи во натпреварувањето, а франшизата домашните натпревари би ги играла во Дубаи.