Драма во Келн – Франција ја освои европскта титула

Драма-во-Келн-–-Франција-ја-освои-европскта-титула.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Репрезентација на Франција ја освои титулата на Европското првенство во ракомет. Во финалето, актуелниот олимписки шампион Франција, го победи светскиот првак Данска со 33:31. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник 27:27 (14:14). Франција четврти пат во историјата стана континетален првак.


Многу симболика имаше во финалниот меч на двете најквалитетни репрезентации во светот. Никола Карабатиќ го одигра последниото ЕП за Франција и го освои 17.медал во дресот на националниот тим, а Микел Хансен, кој со девет гола беше најефикасен играч на мечот, со 296 гола стана најефикасниот играч во историјата на Европските првенства.

Данска во регуларниот дел беше поблиску до победата, продолженија за Франција избори Фабрегас на помалку од 30 секунди до крајот. Во продолженијата клучна беше првата минута од вторите пет минути, кога Французите постигнаа два гола и таа предност потоа не ја испуштија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK