Динамо Загреб беше на чекор до игра бараж за влез во групната фаза на Лигата на шампиони против белгискиот шампион Антверпен, откако имаше 2:0 предност до последните минути од реваншот кај АЕК во Атина, за потоа да прими два гола и да биде елиминиран по 2:1 победата на грчкиот клуб по првиот меч во Хрватска.
Мечот кој требаше да се одигра на 7 август беше одложен поради немилите случувања во Атина, кога во тепачка на навивачките групи, загина еден навивач на грчкиот клуб. Затоа првиот меч се играше на „Максимир“, каде што Динамо загуби со 1:2.
Јосип Шутало во финишот на првото полувреме постигна гол за да ја елиминира предноста на АЕК, за Роберт Љубичиќ во 65. минута да го комплетира пресвртот со убав гол.
Оваа предност Динамо ја одржуваше до 92. минута, кога Серхио Араухо намали на 1:2, резултат кој гарантираше продолженија. Драмата не сопре тука. Во 97. минута беше досуден пенал за АЕК, кој не успеа да го Леви Гарсија, но иронично хрватскиот репрезентативец Домагој Вида ја смести топката во голот на колегата Доминик Ливаковиќ за 2:2 и елиминација на „модрите“.
🚨GOAL | AEK 0-1 Dinamo Zagreb | Josip Sutalo
🏆Champions Leaguepic.twitter.com/dstkYDGl6g
— VAR Tático (@vartatico) August 19, 2023