Директорот на „Ролан Гарос“: Ние сме обвинети за себичност, но сите наши одлуки се корисни за играчите


Директорот на „Ролан Гарос“: Ние сме обвинети за себичност, но сите наши одлуки се корисни за играчите - МИА

Париз, 6 јуни 2020 () – Гај Форг, директорот на тенискиот Грен слем „Ролан Гарос“ ги коментираше изгледите за одржување на турнирот во есен.

– Сега сите правила се ублажуваат и стануваат помалку строги. Ние сакаме да останеме оптимисти, но во исто време, со оглед на сите луди настани од последните месеци и недели, никогаш не знаете што може да се случи. Затоа, мора да бидеме претпазливи, изјави Форг.

Знам дека некои го сметаат ова за себичност. Смешно е, но ги прочитав коментарите на играчите кои рекоа: „Како можат да го сторат ова или тоа?“ Но, на крајот, вие самите рековте дека немате со што да ги плаќате сметките, а ние се обидуваме да обезбедиме што е можно повеќе парични награди, што е корисно за играчите. Се надевам дека на крајот на годината ќе можеме да пиеме чаша шампањ и да кажеме: „Беше многу тешко, но спасивме неколку големи турнири“. Многу е важно „Ролан Гарос“ и „УС Опен“ да се случат, потенцира Форг.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]