Дијаз го потврди трансферот во Сити


Дијаз го потврди трансферот во Сити - МИА

Лисабон, 27 септември 2020 () – Централниот дефанзивец на Бенфика, Рубен Дијаз, практично потврди дека наскоро ќе стане дел од составот на Манчестер Сити.

Дијаз вчера настапи во победата на португалскиот гигант над Мореиренсе од 2:0, ритуално прегрнувајќи ги сите свои соиграчи по натпреварот, како и спортскиот директор Руи Коста, што е знак дека ова е најверојатно неговиот последен натпревар за клубот.

По состанокот, Дијаз не сакаше да ја потврди информацијата, но неговите навестувања кажуваа доволно.

– Тоа беше посебен момент за мене и мислам дека на сите им е јасно зошто. Тоа беше посебен момент да се забележи гол на натпреварот. Мислам дека секој знае зошто го гушнав Руи Коста на крајот од мечот, беше коментарот на силниот дефанзивец за ситуацијата.

После натпреварот, тренерот Хорхе Жесус потврди дека ова е веројатно последниот натпревар на Дијаз како дел од Бенфика.

Дефанзивецот ќе се пресели на „Етихад“ стадионот за околу 50 милиони фунти.


Втор ден собраниска расправа за заменици на министри во Владата - МИА
Вести

Поднесени амандмани на измените на Законот за заштита од заразни болести

– Пратеници од власта и од опозицијата поднесоа амандамни на измените и дополнувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, што започнаа да се разгледуваат на матичната Комисија за здравство. Амандмани имаат поднесено […]

Вести

Објавени конкурсите за ученички стипендии, воведени нови категории за техничките струки

– Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од вчера започна аплицирањето за стекнување на правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година. Конкурсите се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок […]

Вести

Загадувањето во Скопје над дозволеното, вечерните и ноќните часови најкритични

– Ноќните часови за жителите на Скопје се ризични за излегување надвор поради загадениот воздух кој го регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина. Но, над дозволеното се и среднодневните концетрации на ПМ 10 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*