Ди Марија до Матеус: Оди плачи на друго место

Ди-Марија-до-Матеус-Оди-плачи-на-друго-место.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лионел Меси, во понеделникот, осми пат во кариерата ја освои Златната топка на „Франс фудбал“.


Изборот на лауреатот покрена дебата во фудбалскиот свет, а меѓу сите се издвои коментарот на Лотар Матеус. Добитникот на Златната топка во 1990 година, изборот на Меси го нарече „фарса“. Според него наградата требало да му припадне на Ерлинг Халанд.

„Халанд беше подобар од Меси цела година“, изјави 62-годишникот за „Скај спорт“.

„Оваа награда е незаслужена и докажува дека Светското првенство вреди повеќе од се. Според мене, никој не беше подобар од Халанд, тој е најдобар во последните 12 месеци. Освои важни титули со Манчестер сити, постави рекорд на голови.Ова е фарса, иако отсекогаш сум бил навивач на Меси“.

Неговите зборови на неговата страница на Инстаграм ги објави аргентинскиот магазин „Оле“, а меѓу коментарите на објавата се истакна Анхел Ди Марија, кој застана во одбрана на својот капитен и му порача на Матеус: „Оди плачи на друго место“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK