Делии ги „построиле“ играчите и тренерот на Црвена звезда

Делии-ги-„построиле-играчите-и-тренерот-на-Црвена-звезда.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ Starsport


Навивачите на Црвена звезда, Делии, им пораачаа на фудбалерите „Играте како пи..и“, а на тренерот Барак Бахар му дадоа „жолт картон“, по синоќешното реми (1:1) во одложениот натпревар против ТСЦ Бачка Топола. Гостите до бод стигнаа со гол во 91.минута.

„Спорт клуб“, пишува дека претставници на навивачите се спуштиле и во клупската соблекувална каде ги построиле играчите и тренерот. Според овој извор, поради тоа тренерот Бахар не излегол пред новинарите.

„Спорт клуб“, потенцира дека при неочекуваната посета немало никакви инциденти, ниту физички контакт, но секако не им било пријатно ниту на фудбалерите ниту на Бахар да бидат „построени“ од момчињата од белградскиот асфалт.

Накратко, на Бахар му „испратиле порака дека треба да разбере“, а дали тоа ќе доведе до промена на клупата на разнишаниот национален шампион ќе покаже времето. Црвена звезда на табелата има шест поени помалку од „вечниот ривал“ Партизан.

Но, за Црвена звезда не е невообичаено во кадровските решенија да се вклучат влијателни личности од северната трибина.

Навивачите сакаа да им покажат на играчите и стручниот штаб колку е деликатна ситуацијата и дека за нив е недозволиво резултатите во годината на директно учество во Лигата на шампионите и големите инвестиции во тимот да се слаби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK