Фудбалерот на Евертон, Деле Али (28), ги живее најтешките денови во кариерата, со оглаед на тоа имаше интересна изјава за „Скај спорт“.
Кариерата на Деле Али, тргна по надолна линија во ерата на Жозе Мурињо во Тотенхем, откако претходни имаше неколку спектакуларни сезони.
Тој се пресели во Евертон во 2022 година, не доби соодветна шанса, а потоа следеше позајмица во Бешикташ каде не се прослави и се врати во Премиер лигата.
Сепак, тој нема одиграно ниту еден натпревар оваа сезона за Евертон.
Од друга страна, во Бешикташ минатата сезона постигна три гола на 15 натпревари.
Тој во изјава за „Скај спорт“ истакна дека целта му е да биде на Светското првенство во 2026 година.
„Секој ден во 11 часот ставам потсетник на телефонот на кој пишува: Светско првенство 2026. Тоа е мојата цел, тоа е моето ниво“, рече Али.