Дејвис: Леброн многу добро се грижи за своето тело, па доминира 17 години


Дејвис: Леброн многу добро се грижи за своето тело, па доминира 17 години - МИА

Лос Анџелес, 30 септември 2020 () – Крилото на Л.А. Лејкерс, Ентони Дејвис, го пофали соиграчот Леброн Џејмс за начинот на кој успева да го одржи своето тело.

„Кралот“ има 35 години, ја игра својата 17-та сезона во НБА, но сепак е голема sвезда во Лигата и ќе се бори за четвртата титула во кариерата во финалето против Мајами Хит.

– Вниманието на Леброн кон деталите е надвор од какво било рангирање, без разлика дали станува збор за плејоф-серија или само за натпревар. Успева да се мотивира во моментот кога ќе зачекори на паркетот. Освен тоа, тој многу добро се грижи за своето тело. Спие повеќе од секој што го познавам. Тој ги сфаќа сите овие детали за неговиот процес на опоравување многу сериозно, па затоа доминира веќе 17 години. Се чини дека тој е подмладен, а причината за тоа е што тој се грижи за своето тело, сподели Дејвис пред почетокот на натпреварот бр.1 од последната серија, што е вечерва во 03:00 часот по македонско време.


Вести

Три медицински сестри од ГАК позитивни на Ковид-19, а доктор и директорката се во самоизолација

– Три медицински сестри од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се позитивни на Ковид-19. Се заразиле преку семеен контакт, а двајца доктори меѓу кои директорката на Клиниката, Викторија Јовановска се во самоизолација поради заболени […]

Вести

Апел од верските лидери до граѓаните: Да се почитуваат мерките со цел заштита на своето здравје и здравјето на блиските

– Сите наши верници и сите граѓани на нашата држава, на актуелната состојба со коронавирусот да гледаат со највисок степен на сериозност и со целосно и доследно почитување на сите пропишани мерки да го заштитат сопственото, […]

Во Собранието формирани пратеничките групи - МИА
Вести

Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври

Измените и дополнувањата на Законите за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври. Доколку […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*