Францускиот фудбалер Пол Погба во два мандати го носеше дресот на Јувентус. Првиот беше кој беше успешен траеше од 2012 до 2016 година, вториот за разлика од првиот е исклучитено неуспешен. Започна во 2022година и ќе трае уште малку.
Како што стојат работите, 30-годишниот играч од средниот ред е на излезна врата од клубот.
Новинарот специјализиран за Јувентус, Ромео Агрести, истакнува дека практично единствено што недостасува е клубот од Серија А и фудбалерот да објават дека се разделуваат. Значи, тоа е само прашање на време бидејќи „се оди во таа насока“, вели тој.
„Погба е затворено поглавје“, рече за поранешниот француски репрезентативец, кој беше позитивен на ДХЕА, кој се користи за зголемување на нивото на тестостерон и е санкциониран со италијанските спортски закони. Погба падна на допинг тестот на 20 август минатата година.
Обвинителството побара играчот на Јувентус да биде суспендиран на четири години.
Веќе во октомври имаше знаци за раздор меѓу Јувентус и Погба, во Торино беа загрижени како Французинот се однесува кон овој проблем.
Како и да е судењето завршува, дури и со ослободителна пресуда, се чини дека авантурата на светскиот шампион од 2018 година во Јувентус е завршена и покрај тоа што има договор до 2026 година.
Погба меѓу двата престоја во Торино беше член на Манчестер јунајтед од кој како тинејџер дојде во Јувентус.