Де Лихт повторно се повреди, ќе отсуствува најмалку еден месец

Де-Лихт-повторно-се-повреди-ќе-отсуствува-најмалку-еден-месец.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Баерн се уште не се опоравиле од шокот што им го приреди третолигашот Сарбрикен во Купот, а „Билд“ дознава дека нови проблеми го чекаат тренерот Томас Тухел. Холандскиот стопер Матијс Де Лихт ќе отсуствува меѓу четири и шест недели поради повреда на коленото здобиена на тој натпревар.


Де Лихт го започна натпреварот, заедно со Ким Мин-Јае во стоперскиот тандем, но беше принуден да го напушти теренот во 25. минута.

Де Лихт се здобил со повреда на лигаментите поради која ќе го пропушти „Дер класикер“ против Борусија Дортмунд, кој е закажан за в сабота, како и останатите натпревари во ноември.

Откако Холанѓанецот го напушти теренот, Баерн прими два гола и го заврши учеството во Купот на Германија.

Повредата на Де Лигт е особено проблематична со оглед на тоа што Тухел има на располагање само уште двајца стопери, Ким и Дајо Упамекано.

Баварците во сабота од 18:30 часот гостуваат кај Борусија Дортмунд

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK