Даниел Димевски нов претседател на Македонскиот олимписки комитет


Даниел Димевски нов претседател на Македонскиот олимписки комитет - МИА

Скопје, 28 октомври 2020 () – Нов претседател на Македонскиот олимписки комитет е Даниел Димевски. Тој на челното место на МОК доаѓа како наследник на Васил Тупурковски кој по 28 години заминува од претседателското место.



Ова е одлучено на вечерашното Изборно собрание во хотелот „Александар Палас“ во Скопје кое мина во тензична атмосфера и со предвремено заминување на десетина делегати од федерациите кои беа против изборот на Димевски.

Меѓу нив беше и претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска – Зикова која беше вториот кандидат за претседателската функција.

Од оние 32 кои останаа во салата, 30 гласаа за поранешниот прв човек на Македонската кошаркарска федерација.

Делегатите го избраа Тупурковски за почесен претседател на МОК, додека поранешниот македонски репрезентативец е избран за нов член.


Вести

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-472, Куманово-58, Дебар-2, Штип-43, Прилеп-78, Тетово-61, Струга-29, Велес-32, Битола-87, Охрид-47, Кавадарци-32, Гостивар-22, Гевгелија-1, […]

Штрајк на вработени во „Амазон“ во Германија - МИА
Вести

Тридневен штрајк на вработените во „Амазон“ во Германија

Околу 2.500 работници на „Амазон“ во Германија почнаа тридневен штрајк денеска, временски закажан за да ја нарушат продажбата за време на „црниот петок“. Штрајкот, повикан од моќниот синдикат Верди, треба да трае до сабота и […]

1 Comment

  1. СДС да ги тренираше вакви ( спортски креминалци ) немаше да се родат ова врвот на лудиот ЗАЈАК и компаноија наречена спортска? од ДВОЛИЧНИОТ АНТИЌ МОЈСО ТОДОР Ее овие биле жедни ? за за за пари предавници на спортот посебно онај АНТИЌ ти бил лижачина племето негово расипано

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*