Чешката фудбалска лига планира да ја обнови сезоната на 25 мај


Чешката фудбалска лига планира да ја обнови сезоната на 25 мај - МИА

Прага, 27 април 2020 () – Управата на чешката фудбалска лига планира да ја обнови сезоната на 25 март, откако владата на земјата ги олабави мерките за ограничување поради епидемијата од коронавирус.

Клубовите мора да го одобрат предлогот за рестартирање на кампањата на состанокот на 12 мај.

На елитата и останува да одиграат уште шест кола од регуларната сезона, а потоа уште пет кола од плеј-офот за титулата.

Идејата е сите играчи да бидат тестирани за Ковид-19 пред продолжување на натпреварите, кои ќе се играат без публика.

Лигата објасни дека им треба и одобрување од владата, бидејќи повеќе од 100 лица, вклучувајќи играчи, судии, службени лица од тимови и персонал на стадион, се ангажирани да организираат фудбалски натпревар.


Вести

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните […]

Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, осум починати, 230 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, […]

Филипче: Имаме протоколи и доволно заштитна опрема за спроведување на изборите - МИА
Вести

ДИК ги повикува учесниците на изборите да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните

Скопје, 8 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повика сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат здравствените мерки, упатствата и протоколите за предвремените парламентарни избори на 15 јули. – Само […]