Челзи своевремено одби 80 милиони евра за Хадсон – Одои, сега го продава за пет милиони евра

odoi_345354534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Крилниот играч на Челзи, Калум Хадсон – Одои (22) е на излезна врата од лондонскиот премиерлигаш, а кариерата би требало да ја продолжи во градскиот ривал Фулам, пренесуваат британските медиуми.

Според медиуми, вредноста на трансферот се очекува да изнесува нешто повеќе од пет милиони евра.


Хадсон – Одои не е во плановите за следната сезона на новиот тренер на Челзи, Маурисио Покетино, а клубот сака да се ослободи и од обврските околу неговата неделна плата од околу 150.000 евра.

За услугите на Хадсон – Одои голем интерес пред три сезони покажуваше минхенски Баерн, но Челзи ја одби понудата на германскиот гигант.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK