– Новото засилување на англискиот фудбалски прволигаш Челзи, Кристофер Нкунку подолг период ќе биде надвор од теренот, откако е опериран поради повреда на коленото, објави денеска лондонскиот премиерлигаш.
Францускиот напаѓач се повреди во 9. минута на претсезонскиот пријателски натпревар против Борусија Дортмунд (1-1) во Чикаго.
„Нкунку го повреди коленото поради што ќе биде надвор од теренот подолг период. Му беше извршена операција и сега ќе почне рехабилитација под надзор на клупскиот медицински оддел“, соопшти Челзи.
Нкунку ова лето дојде во Челзи од Лајпциг, потпишувајќи договор вреден речиси 60 милиони фунти.