Челзи под истрага за трансфери од пред десет години

Челзи-под-истрага-за-трансфери-од-пред-десет-години.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиер лигата ги истражува трансферите на Вилијан и Самуел Ето од Анжи во Челси, во летото 2013 година. Ова е дел од пошироката истрага за офшор плаќања за време на ерата на Роман Абрамович.


Пред повеќе од една година, британските медиуми пишуваа за тоа како имало потенцијални неправилности во исплатите пред доаѓањето на Тод Боли на чело на клубот, а само неколку дена откако американскиот бизнисмен ќе го преземе клубот за 2.500.000.000 фунти, од продажната цена беа отстранети” 100.000.000 евра за покривање на „непредвидени обврски”.

Од „Стемфорд Бриџ“, потоа доброволно пријавиле финансиски трансакции помеѓу 2012 и 2019 година до Фудбалската асоцијација на Англија, Премиер лигата и УЕФА, по што лигата започна истрага. Дел од истрагата, како што тврди „Тајмс“, се и трансферите на Вилијан и Ето од рускиот клуб Анжи од Махачкала, поради сомнежи дека при споменатите трансакции биле извршени уплати на „руски ентитети“.

Да потсетиме, Челзи за бразилското крило плати 35.500.000 евра, додека ден подоцна без обештетување го донесе Камерунецот.

„Овие наводи претходат на моменталната сопственост на клубот. Тие се однесуваат на субјекти кои наводно се контролирани од поранешниот сопственик на клубот и не се однесуваат на ниту еден поединец моментално во клубот. Сопственичката група на ФК Челзи го заврши купувањето на клубот на 30 мај 2022 година. Поради детална анализа пред завршувањето на купувањето, сопственичката група стана свесна за потенцијално нецелосно финансиско известување поврзано со историски трансакции за време на претходната сопственост на клубот. Веднаш по завршувањето на купувањето, клубот проактивно ги пријави овие работи до сите важечки фудбалски регулатори. Во согласност со основните принципи на клупската сопственичка група за целосна усогласеност и транспарентност, клубот проактивно им помагаше на релевантните регулатори во нивните истраги и ќе продолжи да го прави тоа“, се вели во соопштението на лондонскиот клуб.

Како и да е, некои англиски медиуми велат дека Челзи би можел да биде санкциониран финансиски, но и со одземање бодови, поради споменатата истрага. Да потсетиме, во јули УЕФА веќе го казни лондонскиот клуб со околу 10.000.000 евра поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј како резултат на „доставување нецелосни финансиски информации“ во периодот меѓу 2012 и 2019 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK