Челси и Тотенхем без муниција, мирољубиви и досадни 0-0


Лондонското дерби меѓу Челси и Тотенхем заврши со најнепопуларниот фудбалски резултат 0-0.



Ученикот Френк Лампард против својот учител Жозе Мурињо одигра со неговата тактика – дефанзивно.

Вкупно 90 минути фудбал, без големи возбудувања пред двата гола, а двете екипи упатија само по 2 удари во рамки на головите на Менди, односо Лорис.

Челси за кратко се израдува на погодок, во 11 минута, стрелец беше Тимо Вернер, но по ВАР асистенција истиот беше поништен поради офсајд позиција.

Поседок на топката беше кај домаќините, но без голем ефект од тоа.

Со овој бод Тотенхем останува на чело на табелата во Премиерлигата со 21 бод по 10 кола, додека Челси собра 19 и „сините“ моментно се трети.

Втор е Ливерпул кој исто како и Тотенхем има 21 бод, но со послаба гол разлика.