Челси го регистрираше пензионираниот Чех за Премиер лигата


Чех: Втората сезона во Челзи ја играв со скршеници во рамењата - МИА

Лондон, 20 октомври 2020 () – Англиските клубови ги предадоа конечните списоци на регистрирани играчи во Премиер лигата, а Челзи привлече посебно внимание.



Лондонскиот клуб го регистрираше Питер Чех за тековната сезона, голман кој ја заврши својата играчка кариера пред година и пол.

Чех стави крај во дресот на Арсенал, а потоа ја презеде функцијата советник за спортски и технички прашања во Челси.

Френк Лампард го вклучи 38-годишниот чешки голман и е вклучен во составот како резервен играч без договор.

Менаџерот на клубот од „Стемфорд Бриџ“ се реши на овој чекор поради пандемијата на коронавирус со цел да има што поширок играчки кадар.

Трофејниот голман беше член на „сините“ од 2004 до 2015 година, по што помина четири сезони во Арсенал.

Чех освои 15 трофеи со лондонскиот клуб, вклучувајќи четири Премиер лиги, Лигата на шампионите во 2012 година и Лигата на Европа во 2013 година.


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*