„Чеканите“ ја сопреа победничката низа на Лестер



 

Вест хем стигна до изненадувачка 3:1 победа на гостувањето на „Кингс пауер“ во Лестер, за да го прекинат совршениот старт на „лисиците“ на новата сезона во Премиер лигата. Саутемптон, пак, со 2:0 го совлада Вест Бромвич Албион, оставајќи го тимот на Славен Билиќ без победа во четири кола во ПЛ.

Мајкл Антонио во 14. минута беше највисок во скокот по одличното нафрлање на Кресвел, а во 34. минута беше 0:2, откако Кресвел повторно од огромна далечина го најде Пабло Форналс. Конечните 3:0 ги постави Џерод Боуен во 83. минута. Ова е втора импресивна победа за тимот на Дејвид Мојс по таа над Вулверхемптон, откако ја започнаа сезоната со два порази.

И Саутемптон имаат две победи во низа, откако со 2:0 ги совладаа ВБА со головите на Муса Џенепо (41.) и Ориол Ромеу (69. минута). Новиот премиерлигаш ВБА има само еден поен од првите четири кола во ПЛ.