Чеферин: ВАР погрешно се користи, секое играње со рака не е пенал!


Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин апелира до ФИФА да го промени веројатно најчувствителното правило кое ВАР го санкционира со пенал – играњето со рака во шеснаесетник.


 

Ова доаѓа откако синоќа во рамки на меч од ЛШ, во Лондон Челси доби пенал против Рен, а играчот на француската екипа дури заработи и црвен картон иако немаше шанси да ја избегне топката да не удри во неговата рака. „Се случува многу често топката случајно да удри во раката на некој играч. Во иднина вакви ситуации не би требало да се казнуваат затоа што се нарушува играта. Употребата на ВАР технологијата носи контроверзни исходи. Раката е дел од телото и нејзиното движење е неопходно за да се постигне рамнотежа. Дефанзивците се приморани да заземат неприродна поза само да избегнат топката да ги удри во рака. Ако првобитното правило беше да се избегне ситуација да се даде гол со рака, актуелната одредба го надмина тоа образложение“ рече Чеферин.