Цел тим на Торино во изолација


Цел тим на Торино во изолација - МИА

Торино, 19 октомври 2020 () – Тимот од Торино, кој е во сериозна резултатска криза, мора да се справи со уште еден голем проблем. Поради четири позитивни тестови за коронавирус, денес тимот е изолиран во хотел и нема да биде во контакт со надворешниот свет неколку дена.



Заразени се двајца фудбалери и двајца членови на персоналот. „Биковите“ ќе одат само на тренинг терените, по што ќе се вратат во хотелот.

Во петок, Торино ќе гостува кај Сасуоло во натпреварот од петтото коло во Серија А. Досега, тимот загуби три натпревари и се наоѓа на дното на поредокот.