Поранешниот британски тенисер Марк Печи го изрази своето изненадување и незадоволство од однесувањето на италијанската публика на АТП финалето, особено во однос на противниците на Јаник Синер, меѓу кои беа Новак Ѓоковиќ и Холгер Руне.
На натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Синер, публиката неколку пати го исвиркуваше српскиот тенисер, а во еден момент и самиот Ѓоковиќ одговори на ироничен начин, симулирајќи диригирање.
Марк Печи, осудувајќи го ваквото однесување на публиката, смета дека таквиот однос кон играчите е непримерен, особено на турнирите на високо ниво како што е Финалниот Мастерс.
– Навистина се обесхрабрив кога го видов однесувањето на публиката. Новак во оваа фаза од кариерата заслужува почит. Со сите жртви што ги даде и спортските моменти што ни ги даде, тој не заслужува вакво однесување.
Тој додаде дека навивачите кои така се однесуваат на трибините треба „да се погледнат во огледало“.
– Разбирам што се случи против Синер, но и во таа ситуација немаат оправдување за такво нешто. Новак заслужува сечија почит. Не барам да му се поклонат, но тој заслужува почит и ако не го покажат тоа нека се погледнат во огледало и да размислат за се – заклучи Печи.