Брестовац го објави списокот на ракометари повикани за средбите со Финска и Швајцарија


Брестовац го објави списокот на ракометари повикани за средбите со Финска и Швајцарија - МИА

Скопје, 29 октомври 2020 () – Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац денес го објави списокот со повикани ракометари за собир за претстојните натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија.



Двете средби се квалификациски за Европското првенство 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

На списокот на Брестовац се најдоа 19 ракометари:
Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Дејан Манасков, Бојан Маџоски, Ненад Костески, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Марко Мишевски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Милорад Кукоски и Дарко Георгиевски.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 4 ноември против репрезентацијата на Финска, три дена подоцна е дуелот со Швајцарија.


ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период - МИА
Вести

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 42 пациенти, вкупно се лекуваат 463

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Вести

Македонскиот јазик и идентитет не се на масата за преговори, Берлин останува оптимист за првата меѓувладина до крајот на годината

–  Нашата државност почива на темелите на антифашизмот, но неприфатливо е давање етнички карактеристики на фашизмот,  изјави вчера премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, осврнувајќи се на ставовите што ги искажа во интервјуто за […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*