Ботас: Јас и Хамилтон ќе се бориме за трофејот


Ботас: Јас и Хамилтон ќе се бориме за трофејот - МИА

Лондон, 21 јули 2020 () – Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ги сподели своите ставови за неговата конфронтација со клупскиот колега Луис Хамилтон во борбата за титулата во сезоната 2020 година.



– Сезоната штотуку започна, особено што во Формула 1, никогаш не знаете што ќе се случи. Како и да е, со оглед на успехот на нашиот тим на две различни патеки, постои чувство дека јас и Луис ќе се бориме за титулата, изјави Ботас.

После три кола од сезоната 2020, Валтери Ботас е втор во генералниот пласман со 58 бода, пет помалку од лидерот Хамилтон.