Ботас: Ја загубив трката уште на стартот



Ботас победник на првата трка од новата сезона во Формула 1 - МИА

Будимпешта, 19 јули 2020 () – Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас го сподели својот впечаток за настапот на денешната трка во Унгарија од шампионатот во Формула 1.


 

Возачот започна од втората стартна позиција, но поради лош старт, тој падна неколку места, за на крај да стигне до третото место.

– Да бидам искрен, тоа беше прилично неуспешна трка. Почнувајќи од второто место, секако, планирав да се борам за победа. Но, изгубив уште од самиот почеток, лошо реагирав на светлата што се изгаснаа кај мене. Не знам што се случи. Изгубив многу позиции и тоа ми ја отежна трката, истакна Ботас.

Во генералниот поредок, Ботас е втор со 61 бод, два помалку од клупскиот колега Луис Хамилтон.