Болдвин од Баерн ја сруши Барса и е МВП на 17. коло во Евролигата



ript>


 

Кошаркарот на минхенски Баерн, Вејд Болдвин е МВП на 17-тото коло во кошаркарската Евролига. Болдвин во победата на својот тим против Барселона (90-77) имаше 41 индексен поен.

Уфрли 29 поени, имаше 3 скока, 7 асистенции, 2 украдени топки и 1 блокада.

Зад него ова коло останаа Ледеј со 31 поен, Милутиов со 20, Слукас со 29 и Швед со 28 индексни поени.