Блажевска: Хорват е идеално засилување за Металург


Блажевска: Хорват е идеално засилување за Металург - МИА

Скопје, 5 јуни 2020 () – Легендарното десно крило на ППД Загреб и на хрватската ракометна репрезентација, Златко Хорват, потпиша едногодишен договор со Металург. Претседателката на Металург, Зорица Блажевска, соопшти дека Металург првично бил заинтересиран за Гоце Георгиевски, но тој го одбрал Вардар, а во Хорват гледа идеално засилување за тимот од Автокоманда.

– Наша цел во овој преоден рок е во тимот на сите позиции да имаме по еден искусен ракометар, па така во Металург дојдоа Рниќ, Канкараш и Потиќ, а очекувано беше да донесеме и по еден добар играч на крилните позиции. Прв избор ни беше Гоце Георгиевски, но, откако тој го одбра Вардар, бевме принудени да бараме друг играч. Златко Хорват изгледаше како најдобро решение и по кратки преговори успеавме да се договориме. Тој е среќен што доаѓа во Металург и мислам дека ќе биде идеално засилување за нашиот клуб, во кој тој ќе биде еден од лидерите на екипата. Ангажманот на Хорват се вклопи и во новото правило на РФМ во однос на бројот на странци, бидејќи е стандарден репрезентативец на земја која е во европскиот топ-15, изјави Блажевска за клупската веб-страница.

Триесет и петгодишниот Хорват целата своја досегашна ракометна кариера ја мина во ППД Загреб, со кој ги освои сите титули во првенството на Хрватска од 2002 до денес и сите титули во Купот на Хрватска од 2003 година до денес. Со својот клуб е и освојувач на СЕХА-лигата во 2013 година.

Како репрезентативец на Хрватска, Златко Хорват има бронза од ОИ Лондон, сребро и бронза од СП и две сребра и две бронзи од ЕП.


Бојан Јовановски поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје - МИА
Вести

Бојан Јовановски во ОЈО Скопје ќе продолжи со поднесувње кривични пријви

Скопје, 3 јули 2020 () – Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник. Јовановски на […]

Новиот позитивен на КОВИД-19 во Кавадарци, син на претходно заболен - МИА
Вести

И натаму висок бројот на новозаразени, надлежните апелираат на почитување на мерките

Скопје, 3 јули 2020 () – Нови 173 потврдени со КОВИД-19 од 1.650 тестирања, од кои најголем дел 75 се од Скопје, беа регистрирани вчера во земјава. Починаа и досега најголем број пациенти – 15. […]

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните - МИА
Вести

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните

Скопје, 3 јули 2020 () – Ветувања за правна држава, нулта корупција, за повисоки плати, вложувања во здравството, инфраструктурата, економијата и земјоделството, во младите и поддршка за занаетчиството испорачаа политичките субјекти во земјава на десеттина […]