Блан повторно ќе работи како тренер




 

Поранешниот селектор на Франција и тренер на ПСЖ, Лоран Блан, по пауза од четири години, повторно ќе работи како тренер. Радио Монте Карло тврди дека тој ја прифатил понудата од катарскиот клуб, Ал Рајан.

Ал Рајан, во конкуренција на 12 екипи, се наоѓа на шестото место во шампионатот на Катар. Клупските челници сметаат дека Блан ќе може да го врати тимот во борбата за шампионската титула.

Блан е поранешен фудбалер на Интер, Барселона и Манчестер јунајтед. Зад себе тој има успешна кариера како тренер. Со Бордо, во периодот од 2007 до 2010 година, го освои првенството и Лига купот на Франција, потоа две години бил селектор на Франција, а од 2013 до 2016 година, го предводел ПСЖ.

Со „светците“, освои три шампионски титули, три трофеи во Лига купот и два во Купот на Франција.