Бизарна изјава на тренерот – Шалке е како шишенце со кечап



 

Нема крај на серијата без победа на екипата на Шалке во Бундес лигата. Синоќа екипата од Гелзенкирхен одигра 1:1 со Штутгарт. Шале, во Бундес лигата, нема победа од јануари оваа година, кога славеа над Борусија Менхенгладбах (2:0).

Дуелот со Штутгарт беше 22 во првенството на која Шалке не успеа да победи. По мечот во центарот на вниманието бил тренерот на Шалке, Мануел Баум, кој на необичен начин објаснил во каква состојба се наоѓа тимот.

„Екипата е како шишенце кечап кое што туку сте го отвориле. Се обидувате да го извадите од внатре, но ништо не се случува иако шишенцето е полно. Тогаш планот е да го удрите шишенцето од долната страна за да излезе кечапот. Ние сме се уште во таа фаза на удирање. Но еднаш кога кечапот ќе излезе ќе биде забавно“, рекол Баум.