„Билд“: Санчо не сака да се врати во Манчестер јунајтед

3859235-78417628-2560-1440.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џејсон Санчо (23), во зимскиот преоден рок го напушти Манчестер јунајтед и се врати во Борусија Дортмунд. „Билд“, тврди дека фудбалерот не сака да се врати во Јунајтед на крајот од актуелната сезона.


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг во септември го прозва Санчо по поразот од Арсенал, велејќи дека не тренирал добро пред натпреварот. На Санчо тоа не му се допадна, па тој одговори:

„Ве молам, не верувајте во се што ќе прочитате. Нема да дозволам луѓето да кажуваат работи што се целосно невистинити. Работев многу добро на тренинзите оваа недела, а верувам дека има други причини за одлуката на тренерот, во кои не сакам да навлегувам. Не е фер, долго време сум жртвено јагне“.

По оваа изјава Тен Хаг, најпрвин го исфрли од тимот, а една недела подоцна му забрани на Санчо да тренира со првиот тим. Во зимскиот преоден рок тој се пресели на позајмица во Борусија Дортмунд.

Санчо, во периодот од 2017 до 2021 година го носеше дресот на „милионерите“, кои потоа го продадоа во Јунатед за 85 милиони евра.

Санчо оваа сезона забележа само три настапи за Јунајтед и тоа по 30 минути, додека за клубот од Дортмунд одигра девет натпревари и постигна еден гол со две асистенции. Со оглед на тоа што Борусија нема право да го откупи неговиот договор во јуни, тој би морал да се врати во Јунајтед.

Сепак, „Билд“ тврди дека Санчо, не сака да се врати на „Олд Трафорд“, туку преферира да се пресели во некој друг клуб.

Прашање е дали Јунајтед и Санчо ќе најдат излез од оваа ситуација, особено ако Тен Хаг остане во клубот. Фудбалерот, според договорот до јуни 2026 година има неделна плата од 300.000 фунти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK