Беневенто е заинтересиран за Бонавентура


Бонавентура има тенденција да се пресели во Торино - МИА

Беневенто, 2 август 2020 () – Играчот од средниот ред на Милан, Џакомо Бонавентура се најде во сферата на интерес на Беневенто.



Новиот учесник во Серија А му понуди на 30-годишниот играч од средниот ред двегодишен договор.

Претходно беше објавено дека Торино и Аталанта се заинтересирани за Бонавентура.

Фудбалерот оваа сезона има одиграно 31 натпревар во сите натпреварувања и има постигнато четири гола и пет асистенции. зс/