Белгиецот Витсел ја заврши репрезентативната кариера

vitsel_243231
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Белгискиот фудбалер Аксел Витсел (34) стави крај на настапите за репрезентацијата на Белгија за која дебитираше во 2008 година и со 130 натпревари е втор на вечната листа зад Јан Фертојген (147 настапи).

Витсел, кој е член на мадридски Атлетико, настапуваше со Белгија на три светски (2014, 2018, 2022), како и на две европски првенства (2016, 2020).


Најголемиот успех го оствари на Мундијалот 2016 во Русија кога го освои бронзениот медал.

Покрај Витсел, крај на репрезентативната кариера претходно оваа година објавија уште тројца играчи од белгиската „златна“ генерација – Еден Азар, Тоби Алдервирелд и Симон Мињолет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK