Батлер: Не е готово, способни сме за нешто посебно



ript>

Батлер: Не е готово, способни сме за нешто посебно - МИА

Орландо, 4 октомври 2020 () – Крилото на Мајами Хит, Џими Батлер, продолжува да покажува самодоверба и покрај негативниот резултат на неговиот тим. „Жешките“ губат со 0-2 од Лос Анџелес Лејкерс во финалето на НБА, но поранешниот играч на Чикаго, Минесота и Филаделфија знае дека сè уште не е готово.


 

– Ние ќе продолжиме да се бориме, ништо не е готово. Ние губиме само 0-2, па мора да направиме нешто навистина посебно. Знам дека сме способни за тоа, многу добро ги познавам моите соиграчи и не би ги менувал за ништо, изјави Батлер за „Јаху Спортс“.

Хит и Лејкерс ќе се појават на паркетот во „Дизни Светот“ вечерва во 01:30 часот по македонско време во натпреварот број 3 од финалето на НБА. Успехот е задолжителен за тимот на Ерик Сполстра, но не би дошол лесно против тимот предводен од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.