Басконија ја скрши „клетвата“ во Пиреја, тежок пораз за Звезда


Басконија го одигра најдобриот натпревар оваа сезона за да стигне до своја прва победа над Олимпијакос од 2007 година и серија од 15 порази. Басконија немаше победено во Пиреја од плејоф натпреварот на 7 април таа година, но сега доминираа со 90:76 победа, предводени од Зоран Драгиќ и неговите 18 поени.



Басконија водеше од стартот до финишот на натпреварот, честопати доминирајќи во мечот, посебно во првото полувреме, кога тимот на Душко Ивановиќ имаше 43:21 предност. За Олимпијакос, Костас Слукас и Јоргос Принтезис имаа по 15 поени.

Црвена звезда пак, го одигра можеби најслабиот меч оваа сезона, губејќи дома со 64:75 од Анадолу Ефес, кои беа предводени од фантастичниот повратник Шејн Ларкин, кој имаше 18 поени, покрај Моерман со 17 и Симон со 11. За Звезда, Волден беше најефикасен со само 14 поени.

ЕВРОЛИГА, 11.КОЛО

ЦСКА Москва – Реал Мадрид 74:73 (17:20, 18:18, 23:17, 16:18)

Црвена звезда – Анадолу Ефес 64:75 (14:16, 22:24, 14:27, 14:8)

Жалгирис Каунас – Зенит Санкт Петерсбург 75:83 (15:23, 17:22, 19:21, 24:17)

Алба Берлин – Химки 100:80 (20:24, 30:20, 27:18, 23:18)

Олимпијакос – Басконија 76:90 (15:23, 16:24, 27:20, 18:23)

Макаби Тел Авив – Милано 85:86 (20:18., 15:28, 18:13, 17:11, 15:16)