Бартомеу се соочува со гласање за недоверба


Бартомеу потврди: Куман ќе биде новиот тренер на Барса - МИА

Барселона, 28 септември 2020 () – Раководството на Барселона формираше комисија за да ја испита можноста за гласање недоверба на сегашниот одбор на клубот и неговиот претседател Пеп Марија Бартомеу.

Претходно овој месец, група членови, поддржани од кандидати за претседателските избори следната година, собраа повеќе од 20.000 потписи за гласање.

– Според статутот на клубот, формиран е комитет за гласање недоверба, формиран од двајца членови на УО, првите двајца членови кои ја потпишаа петицијата и делегат од Каталонската фудбалска федерација. Комисијата ќе се состане во вторник, 29 септември. За максимум 10 дена, ќе се провери дали предлогот ги исполнува условите за гласање, се вели во соопштението на клубот

Доколку комитетот не најде нешто лошо, Советот ќе треба да донесе одлука и гласањето за недоверба ќе се одржи помеѓу 10 и 20 дена по објавувањето на регуларноста. Доколку условите за гласање не се исполнети, предлогот ќе биде одбиен.

Така, сосема е можно Бартомеу да стане третиот претседател на кој ќе му биде изгласана недоверба по Пеп Луис Нунез во 1998 година и Жоан Лапорта во 2008 година. И во двата случаи, гласањето беше неуспешно.


Вести

Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена […]

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА
Вести

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*