– Барселона е уверена дека на крајот од сезоната ќе го ангажира играчот од средниот ред на Манчестер сити, Илкај Гундоган, информира „Sport.es“.
Каталонскиот клуб веќе постигнал вербален договор со 32-годишниот играч. Германскиот фудбалер се согласи да и се приклучи на Барселона пред почетокот на новата сезона на тригодишен договор.
Манчестер сити му понуди на Гундоган продолжување на договорот, но фудбалерот е заинтересиран за нов предизвик по седум години минати во Манчестер и се надева дека следната сезона ќе игра на „Камп Ноу“.
Тренерот на Сити, Хосеп Гвардиола претходно изрази надеж дека Гундоган ќе остане во клубот.
Гундоган настапува за Манчестер сити од јули 2016 година, неговиот договор е со важност до крајот на јуни 2023 година. Сезонава има 47 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи девет голови и седум асистенции.