Барнли со историската, прва победа над Арсенал ја продолжи агонијата на „топчиите“ во Премиер лигата


Барнли со историската, прва победа над Арсенал ја продолжи агонијата на „топчиите“ во Премиер лигата - МИА

Лондон, 13 декември 2020 () – Дијаметрално спротивни изданија прикажува Арсенал во Премиер лигата, во споредба со настапите во Лига Европа каде реди само победи. Вечерва тимот од Лондон на домашен терен загуби од Барнли со 1:0. Гостите ја забележаа првата победа во клупската историја на мечевите со Арсенал.


 

До трите бода Барнли стигна со автоголот на Пјер-Емерик Обамејанг во 73.минута.

По 12 кола Арсенал има освоено само 13 бода со биланс четири победи, еден нерешен исход и дури седум порази за 15.место на табелата.

Барнли е на 17. место со девет бода од 11 средби.