Пеко Бањаја направи уште еден голем чекор кон шампионската титула во „кралската класа“, во Мото ГП шампионатот. Актуелниот шампион, во една здодевна трка, ја освои Големата награда на Австрија.
Бањаја, вчера победи во спринт трката, а супериорноста ја потврди и попладнево на главната трка за Големата награда на Австрија. Бањаја стартуваше од пол-позиицијата, наметна жесток ритам, кој во првите три круга успеа да го следи само Бред Биндер на КТМ.
Јужноафриканецот го освои второто место, а трет заврши Марко Бецеки од ВР46. Успехот на тимот на Валентино Роси го надополни Лука Марини со четвртото место.
Пласман меѓу првите десет изборија Алекс Маркез, Вињалес, Мартин, Квартараро, Алеиш Еспаргаро, Бастијанини.
Во генралниот пласман Бањаја има 251 бод, 62 повеќе од возачот на Прамак Дукати Хорхе Мартин, трет е Бецеки со 183.