Бакајоко одби да се пресели во Кристал Палас


Бакајоко е подготвен да ја намали платата за да се пресели во Милан - МИА

Лондон, 16 септември 2020 () – Дефанзивецот на Челзи, Темуе Бакајоко одби да се пресели во Кристал Палас.


 

Според новинарот Николо Скира, 26-годишниот Французин се надева дека ќе ја продолжи кариерата во Милан, кој веќе го има изнајмено фудбалерот.

Италијанците имаат намера да го продадат играчот за врска Раде Круниќ за да го ангажираат Бакајоко.

Французинот минатата сезона ја мина во Монако, постигнувајќи еден гол и две асистенции на 20 натпревари во Лига 1.