Баерн победи, Левандовски постигна гол петти натпревар во низа


Левандовски продолжува да помага во борбата против вирусот - МИА

Минхен, 23 мај 2020 () – Баерн го совлада Ајнтрахт со 5:2 во последниот денешен дуел од 27. коло во Бундеслигата. Баварците ја вратија предноста од четири бода во однос на второпласираната Борусија Дортмунд.

Еден од головите за Баерн го постигна Роберт Левандовски. Тој во 46. Минута го совлада гостинскиот голман и ја продолжи серијата од пет средби на кои постигна погодок. Претходно ја затресе мрежата на Келн, Унион Берлин во Бундеслигата, Челзи во Лигата на шампионите, а исто така постигна и два гола против Падерборн во германскиот шампионат.

Левандовски оваа сезона има 27 гола во Бундеслигата и заедно со напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, го предводи списокот на најдобри стрелци во најдобрите пет лиги во Европа.

Покрај 27 гола во германскиот шампионат, полскиот фудбалер постигна 11 во ЛШ и три во германскиот Куп.

Левандовски постигнува 40 или повеќе голови за Баерн петта година по ред. Тој го направи најдобриот резултат во сезоната 2016/17 – 43 гола.


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]