Алфонсо Дејвис во летниот преоден рок ќе го напушти Минхен. Канаѓанецот има договор со Баерн до јуни 2025 година,, но клубот мора да го продаде бидејќи тој одби да го продолжи договорот. Шпанските медиуми тврдат дека Дејвис постигнал договор со Реал.
Челниците на Баерн, свесни дека не можат да го задржат Дејвис, ја одредија неговата цена. На заинтересираните им порачале дека обесштетувањето за Дејвис изнесува 70 милиони евра.
Алфонсо Дејвис во Баерн дојде во 2014 година од Ванкувер за 14 милиони евра.