Азар во „аут“ уште еден месец




Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, нема да се врати на терените уште најмалку еден месец, тврди „Марка“. Репрезентативецот на Белгија последен пат бил на теренот во август, во Лигата на шампионите.

Азар има повреда на бутниот мускул, а рехабилитацијата не се одвива според планираното.

Реал за Азар на Челси им платија 115.000.000 евра во 2019 година, меѓутоа поради повредите тој има одиграно само 25 натпревари за „кралскиот клуб“.

Реал вечерва против Шахтјор ја започнува новата сезона во Лигата на шампионите, а во сабота противник ќе им биде Барселона.