Атина и Вроцлав домаќини на двете следни финалиња во Конференциската лига на УЕФА

uefa_345353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Извршниот одбор на УЕФА денеска ги избра Атина и Вроцлав за домаќини на финалните натпревари во Конференциската лига во 2024 и 2025 година, додека финалето во женската Лига на шампиони во 2025. ќе се игра во Лисабон.

На состанокот во Нион, исто така, е донесена одлука УЕФА да достави предлог до ФИФА за нов формат на европските квалификации за пласман на Мундијалот 2026.


Според тој нов формат, европските репрезентации ќе бидат поделени во 12 квалификациски групи со по четири или пет селекции, а групната фаза би се играла во периодот од март до ноември 2025 година.

Директен пласман на Мундијалот 2026 би обезбедиле првопласираните репрезентации, додека 12 второпласирани селекции, како и најдобрите четири од Лигата на нации од сезоната 2024/25 кои не обезбедиле пласман преку квалификациите, ќе играат плејоф во март 2026 година за преостанатите четири места на завршниот турнир што заеднички во 2026 година ќе го организираат САД, Канада и Мексико.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK