Астон Вила сериозно заинтересирана за Ромеро



Два клуба од Премиер лигата се заинтересирани за голманот Ромеро - МИА

Лондон, 2 септември 2020 () – Премиерлигашот Астон Вила е најголем кандидат за нов клуб на голманот на Манчестер јунајтед, Серхио Ромеро, пренесува „The Athletic“.


 

Според изворот, Евертон исто така покажува интерес за 33-годишниот Аргентинец, но „црвените ѓаволи“ планираат да го искористат Ромеро како дел од договорот за трансфер на играчот за врска на Астон Вила, Џек Грлиш.

Во сезоната 2019/20, Ромеро забележа 17 настапи за Манчестер јунајтед и прими 12 гола. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на голманот на 2,8 милиони евра.