Челниците на Арсенал го прифатиле планот на менаџерот Микел Артета за јануарскиот преоден рок. Шпанецот сака класична деветка, негов избор е Ајван Тони. За да го реализира својот плам Артета е подгтовен да продаде четворица фудбалери.
Напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони, сезонава нема одиграни ниту еден натпревар, поради суспензијата која му ја изрече Фудбалската асоцијација на Англија. Тони ги прекршуви правилата за обложување на ФА.
Минатата сезона играше во голема форма, постигна 20 голови во Премиер лигата.
Дејвид Орнштајн тврди дека Арсенал има проблеми со финансискиот фер-плеј поради трансферите на Хаверц, Тимбер и Рајс и ќе мора да го продава за да може да го донесе Тони.
Наводно Брентфорд го проценил Тони на 120 милиони евра.
Каков е планот на Артета. Сигурно е дека прв ќе си замина голманот Арон Рамсдејл, кој го загуби местото во тимот откако во Арсенал дојде Давид Раја. Наводно, Рамсдејл кариерата ќе ја продолжи во Челси.
На продажба ќе бидата и двајца играчи од редот за врска, кои оваа сезона ретко добиваат шанса. Тоа се Томас Парти и Емил Смит Роу. Листата на оние кои треба да заминат за да дојде Тони ќе ја комплетира напаѓачот Нкетија.