Арсенал заинтересиран за фудбалер на Баерн

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот клуб Арсенал планира да го ангажира играчот на Баерн, Матијс де Лигт на крајот од сезоната.


Британските медиуми пренесуваат дека челниците на Арсенал се обидуваат да го убедат холандскиот фудбалер да ја прифати понудата кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета неодамна изјави дека на неговиот тим му требаат засилувања во зимскиот преоден рок, но додаде дека поради финансискиот фер-плеј Арсенал ќе може да донесе нови играчи само на крајот од сезоната.

Де Лихт игра на позицијата стопер, а стручниот штаб на „топџиите“ смета дека Холанѓанецот би бил идеално засилување за нивниот клуб.

Во Баерн пристигна во 2022 година од Јувентус за 77 милиони евра. Де Лихт (24) во моментов е надвор од терените поради повреда, а оваа сезона за баварскиот клуб одигра 11 натпревари и постигна еден гол.

Холандскиот фудбалер има договор со клубот од Минхен до 30 јуни 2027 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK