Арсенал се заинтересирани за Ансу Фати

r1126434_1296x729_16-9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Арсенал е заинтересиран за фудбалерот на Барселона и шпански репрезентативец Ансу Фати, пренесуваат шпанските медиуми.


Претставници на лондонскиот клуб наводно разговарале со Жорге Мендеш, кој е менаџер на Фати.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, пред две недели му порача на Фати дека може да го напушти клубот, доколку за него дојде понуда која ќе ги задоволи клупските барања.

Тој минатиот викенд одигра само 11 минути за каталонскиот клуб на натпреварот од првото коло на Ла Лига против Хетафе, а малку повеќе играше во неделата против Кадиз. .
Фати (20) има договор со Барселона до јуни 2027 година со можност за продолжување на две сезони.

Интерес за младиот шпански фудбалер покажаа Тотенхем и Манчестер јунајтед.

„Трансфермаркт“ проценува дека Фати вреди 35 милиони евра.

За првиот тим на каталонскиот клуб одигра 51 натпревар и постигна десет гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK