Арсенал ќе оди на победа против Манчестер Јунајтед




Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, смета дека неговиот тим го очекува тешка задача на гостувањето кај Манчестер Јунајтед. Артета се надева дека Арсенал ќе може да стави крај на лошата традиција кога станува збор за натпреварите на „Олд Трафорд“.

Фудбалерите на Арсенал немаат победа на „Олд Трафорд“ упте од 2006 година.

„Би било одлично кога би победиле. Мислам дека веќе 14 години Арсенал не победил во гости кај Јунајтед…По поразот што го доживеавме минатата недела од Лестер, мислам дека совршено сценарио би била наша победа во Манчестер“, рекол Артета.

Шпанскиот тренер посебен акцент ставил на нападот на „црвените ѓаволи“.

„Тие имаат добар однос, одлично функционираат, тоа може да се види на теренот. Оле успеа да го подобри тимот, бројот на постигнати голови зборува за тоа. Можат да играат со две или три различно формации“.

Арсенал забележа порази на последните два натпревари и се наоѓа на 11 место на табелата, додека Јунајтед се на 15 место.

Дербито на „Олд Трафорд“ се игра утре од 17.30 часот.