Анчелоти ги спореди Премиер лигата и Серија А



Анчелоти ги спореди Премиер лигата и Серија А - МИА

Ливерпул, 22 мај 2020 () – Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, ги спореди англиската Премиер лига и италијанската Серија А во однос на удобноста за работата.


 

– Во Англија е попријатно, атмосферата е подобра. Италија има многу насилство меѓу навивачите. Дефинитивно овде во Англија има помал притисок од навивачите. Се вратив во Италија по девет години и видов дека малку што се сменило.

Италијанскиот фудбал се обидува да се смени, но не е лесно да се промени културата на земја каде, за жал, насилството и нападите едни против други сè уште се присутни. Овде, во Англија, луѓето на трибините, покажуваат поголема почит, изјави Анчелоти.